
Дали знаевте дека истражувањата покажаа дека најчесто користените методи за учење се и оние кои се карактеризираат како најлоши?

Image by wayhomestudio on Freepik
Имате навика да го подвлечете најважното од книгата нели? Знаеме, тоа го прават речиси сите студенти, а тоа се карактеризира како една од најлошите навики за учење. Сега се прашувате зошто. Затоа што подвлекувањето одзема многу време и ви „помага“ да го изгубите фокусот, па наместо да бидете сконцентрирани на материјалот, вие сте сконцентрирани на оценката која сакате да ја добиете.
На второ место е запишувањето на материјалот и учење од вашата книга. Губите време за препишување, а може да го учите материјалот.
За разлика од методите кои се карактеризираат како најлоши, најдобрите методи не се многу познати кај студентите. Ова вклучува поделба на периодот на студирање на неколку пократки наместо една маратонска студија, како и употреба на флеш карти и практични тестови.
Повеќето студенти учат без престан неколку дена пред испитот, но тие информации не им остануваат долго во меморијата. Ако го поделите периодот на студирање на неколку делови, многу ќе ја олесните подготовката за следниот испит. Вежбањето на лажни тестови може да помогне во тестирањето на вашето знаење, а можете да користите флеш картички сега и онлајн преку Quizlet, StudyBlue и FlashCardMachine.
Обидете се да пробате некој од препорачаните методи или да се откажете од омилените кои се карактеризираат како лоши. Едно е сигурно, ако имате добар план и мотивација, која било од овие техники ќе ви помогне да ги исполните сите ваши цели следниот испитен рок!