ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.11.2021
Најдобрата „евтина“ камера за млади јутубери и подкаст стримери

Кога станува збор за најдобрата нај перфектната камера која би можеле да ја имате да ја купите евтино и веднаш да почнете со снимање на влогови и да станете број еден јутубер, ќе ви кажам дека таа не постои. Но затоа постои нешто што е блиску до сите тие епитети кои ги наброивме погоре. Едноставност при користење и спремна за снимање во секоја ситуација. Сето ова што го наброивме се наоѓа во малата но импресивна камера SONY ZV-E10.

Камерата има свој екран кој се ротира накај вас погодна за влогови т.е. да се гледате себе си додека се снимате, исто така погоден за тешки кадри за снимање на акција или движења, како и, менливи леќи за оние кои сакаат wideangle или пошироко да се снимаат себе си додека одат по тротоарот. Има надворешно-вградлив микрофон со кој можете поубаво да се снимите себе си додека говорите и другите звуци ги одбивате од снимката. Исто интересно е што SONY ZV-E10 има и stereo jack output со што можете да слушнете а слушалки дали сте задоволни со звукот на снимката. Вградениот и брз авто фокус кој не дава ништо да избега од кадарот е многу погоден при што можете да го смените и со допир на екранот.

SONY ZV-E10 снима а повеќе резолуции како што се сите до 4k на 30fps и тоа на оригинална 4k резолуција без crop на која фокусирате со екранот, снимањето е без лимит (за разлика од Canon кој има лимит до 30 минути), како и clean HDMI Ooutput кој е подобен за стримување без странични налепници во живо или снимање преку надворешен рекордер. Најдоброто е што при сриминг нема да ви биде потребна никаква capture картица за преведување на сигналот од HDMI на USB, тоа оваа неверојатна мала камера го прави сама – само вклучете ја во компјутер преку USB и слободно стримувајте.

Стабилизацијата при снимање е добра, но не и одлична, тоа можете да го поправите во постпродукција со обичен софтвер за видео монтажа. Исто така нај шема опцијата за млади и надежни фотографи е копчето кое прави чуда на фотографиите со што ја замаглува позадината уште повеќе и ви го дава тој bokeh ефект кои повеќето интаграмџии го бараат во сликањето на портрети и селфијата.

Мораме да ја пофалиме и опцијата за почетници со која леќата може да зумира сама преку апаратот без потреба од допирање на леќата и уништување на зум кадарот.

Пред се, одлична камера за стриминг дали ќе ја користите над мониторот додека стримате игри или се шетате по тротоарите на градот влогирајќи, или пак сте седнати на муабет за подкаст со пријателите.

14 држави го тужат TikTok
Топ 5 најпопуларни видео игри на компјутер