ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.11.2024
Најдобрите штипски фотографи – аматери со заедничка изложба

Едни од најдобрите аматери фотографи од Штип за првпат организираат заедничка изложба на која ќе ги изложат своите најдобри фотографски дела.  Станува збор за осум искусни фотографи аматери од фото групата „Широк Агол“ која неодамна ги обедини штипските аматери фотографи кои подолго време се занимаваат со фотографија и ги бележат настаните во Штип и пошироко.

Групата „Широк агол“ е формирана во 2023 година и обединува искусни аматери фотографи, познати по својата посветеност и дела признати на меѓународни конкурси.

Изложбата содржи 31 внимателно одбрана фотографија во различни формати и техники, од црно-бели до колор снимки. Делата ја прикажуваат убавината на секојдневниот живот, културни настани, природни пејзажи и сцени кои го отсликуваат духот на локалната заедница.

„Широк Агол“ активно работи на промоција на фотографската култура во Штип и поширокиот регион. Преку своите активности, групата има за цел да ги поттикне културните вредности и да ја збогати локалната уметничка сцена.

Изложбата е отворена за јавноста и претставува уникатна можност за љубителите на фотографијата да уживаат во дела кои ги доловуваат моментите што го обележуваат нашиот живот и заедница.

Изложбата ќе биде отворена во сабота (30.11.2024 г.) во фоајето на Домот на Културата во Штип (Галерија 22). Љубителите на добрата фотографија ќе имаат можност да ги погледнат фотографиите до следната сабота (07.12.2024 г.).

На изложбата во сабота ќе можат да се видат фотографии на Биљана Кошарска, Благој Андонов, Дејан Коцев, Зоран Велков, Зоран Здравев, Миле Трајчов, Михаил Бутнејски и Тоши Трајчев.

Каталогот со одбраните дела може да се најде на следниот линк: Каталог – Широк Агол.

Универзитетот „Гоце Делчев“ одбележа 18 години постоење
Женскиот економски форум: Настан посветен на финансиската писменост и заштита од измами