ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.06.2022
Најдобро е да се вежба наутро или навечер?
Автор: Goce Author

Секогаш кога почнуваме со вежбање или со било каква физичка активност низ глава ни поминува прашањето кога е најдобро време за вежбање – наутро или навечер? Според едно американско истражување, мажите добиваат подобри резултати и согоруваат повеќе калории кога вежбаат ноќе, а жените сосема спротивно – наутро.

Photo by: Unsplash

Разликите во хормоните, во биолошките часовници и циклусите на спиење и будење меѓу половите, може да играат улога.

Студијата била спроведена на 30 мажи и 26 жени – сите активни и здрави, и помеѓу 25 и 55 години. Истата траела 12 недели. Студијата ги следела ефектите од разновидна фитнес програма, која вклучувала истегнување, спринт, тренинзи со отпор и издржливост.

Кога е правилно да прескокнете тренинг и квалитетно да се одморите?

Едната група вежбала еден час пред 08:30 часот, додека другата група ги следела истите активности навечер, помеѓу 18:00 и 20:00 часот. Сите учесници има дизајниран план за оброци. Без разлика на времето, сите учесници го подобриле целовкупното здравје.

Наутро или навечер?

„Врз основа на резултатите, жените заинтересирани за намалување на маснотиите и крвниот притисок треба да вежбаат наутро.“, изјавил д-р Пол Арцерио, водечки автор на студијата и професор по здравје и човечки физиолошки науки на колеџот Скидмор, државата Њујорк.

Наспроти нив, идеално време за вежбање кај мажите било откриено дека е ноќе.

“Ноќното вежбање им помага за подобрување на здравјето на срцето и метаболизмот, како и за емоционалната благосостојба“, според д-р Арсерио.

Според истражувачите жените можат да согорат повеќе телесни маснотии наутро бидејќи имаат поголема веројатност да имаат вишок сало на стомакот. Внатрешниот ритам на телото исто така може да биде фактор.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?