ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.03.2024
Најголемото промашување во кариерата на Роналдо
Автор: Goce Author

Роналдо направи едно од најголемите промашувања во неговата кариера, за време на натпреварот на Ал Наср во АФЦ Лигата на шампионите против Ал Аин.

Промашувањето на Роналдо се случи во 61-та минута кога натпреварот беше изедначен на 2-2, но Ал Наср имаше вкупен резултат со 3-2, откако загуби со 1-0 од Ал Аин во првиот натпревар од нивниот четвртфинален натпревар.

Сепак, Роналдо имаше одлична можност да го сврти резултатот, но како што ретко се случувало досега во неговата кариера, тој промаши од само 3 метра пред отворениот гол.

Поради ова промашување на славниот португалец, Ал Наср испадна од лигата на шампионите по одиграните пенали, додека Ал Аин продолжува понатаму.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автори: Климент Трајков и Кирил Стојанов

500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба