ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.10.2022
Најскапото кафе на светот е всушност непотребна измама на индустријата за кафе?
Автор: Goce Author

Копи Лувак се смета за најскапото кафе на светот. Има и други скапи кафиња, но Копи Лувак го држи гинисовиот рекорд за најскапо кафе на светот.

Копи Лувак на индонезиски значи „кафе од Цибетка“. Цибетка е диво животно кое јаде плодови од кафе, а потоа од неговите фекалии се собираат кафе зрната. Навистина звучи грозно, но најскапото кафе на светот се собира од „гомце“ на диво животно.

Фото: Studio Sarah Lou

Кафето се популаризираше од филмот „Bucket List“, а веројатно од тој момент во историјата кафето стана екстремно популарни, па животните почнаа да се одгледуваат со таа намена. Никој денес со сигурност не може да каже дали пиел Копи Лувак кое поминало низ цревата на животно или пиел само обично еспресо. Сепак поради бизнис и пари, индустријата почна да ги одгледува овие животни во нехумани услови се со цел да „произведуваат“ најскапо кафе на светот.

Еден од најпознатите баристи на светот Џејмс Хофман препорачува никој никогаш да не го пие ова кафе. Вели дека вкусот е веројатно многу полош од нормалното кафе, со тоа што за вашата чашка кафе се малтретирале неколку животни во некоја фарма во екстремно лоши услови.

Македонците јадат 2,5 пати повеќе сол од препорачаното
Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?