Топло какао, пуканки, омиленото ќебе и добар филм, а во ќошот светка украсената елка. Веќе си замисливте убава зимска вечер која што мора да ја доживеете, па затоа направивме листа на најдобрите новогодишни филмови за 2021г.
Приказната за четири сестри кои постојано се караат, се додека нивниот татко не се врати дома на Божиќ, буквално ќе ги разбранува вашите емоции.
Во оваа романтична комедија ќе ја сретнете Софи, авторка која сака да купи замок во Шветска, но оној замок кој што и се допаѓа има сопственик кој не сака да го продаде својот имот на странец. Сакајќи да најдат компромис тие ја запознаат и љубовта.
Инспириран од истоимениот филм на Kevin Jakubowski, 8-Bit Christmas е филм во кое 10 годишно момче во 1980 – тите ќе тргне во авантура за да го добие божиќниот поклон на неговата генерација – најдобриот и најновиот систем за видео игри.
Романтична комедија во која млада девојка тргнува на пат околу светот за да го запознае момчето кое го запознала преку интернет и да го имаат првиот состанок на Божиќ, но сфаќа дека е измамена.
Дефинитивно ќе ве потсети на стариот добар филм „Home Alone“ бидејќи ќе го запознаете Макс кој е оставен сам дома за Божиќ и мора да се грижи за се да биде во најдобар ред дома.
Филм базиран на истоимената детска книга од Matt Haig, ја раскажува приказната за потеклото на Дедо Мраз.