ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.02.2022
На кои казни најмногу реагираат младите возачи?

Возачите секогаш реагираат кога ќе добијат казни за сообраќаен прекршок, што понекогаш е и од непознавање на сообраќајните правила. Кои се прекршоците за кои најчесто се реагира, дознаваме од сообраќајниот полицаец во МВР, Јане Ѓеорѓиев.

Јане Ѓеорѓиев е професионално вработен во МВР како УПС (Униформиран полициски службеник) во СВР – ПС – Штип. Тој е амбициозна личност и освен што се занимава со полициска служба, тој е студент на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на втор циклус студии.

Од досегашното работно искуство (УПС во ПС и БПС Струмица како и ПС за ГП и ГН Ново село – Струмица) тој истакнува дека се соочил со најразлични прекршоци, како од повозрасните возачи така и од младите.

Казни се изрекуваат заради безбедноста на граѓаните

„Сметам дека помладите граѓани – возачи често доаѓаат во забуна кога ќе добијат казни  поради овие сообраќајни прекршоци:

  1. Затемнување на предни стакла на ПМВ со фолија чл. 360 ст. 1 и 4 од ЗБСП
  2. Дете помало од 12 години не смее да седи на предно седиште чл. 164 ст. 1 и 45 од ЗБСП
  3. Лице под дејство на алкохол не смее да седи на предното седиште чл. 164 ст. 1 и 5 од ЗБСП
  4. Потребно е посебно детско седиште за дете до 5 годишна возраст чл. 164 ст. 2 и 5 од ЗБСП
  5. Не наместени или нечитливи и оштетени таблици чл. 36 ст. 4 и 5 од З.В.
  6. Запирање и паркирање со отворени врати чл. 68 ст. 1 и 2 од ЗБСП
  7. Не користи помагала (очила) чл. 225 ст. 6 и 11 од ЗБСП.
  8. Превезува животни во ПМВ чл. 168 ст. 3 од ЗБСП
  9. Организирање на борба меѓу животни чл. 9 од ЈРМ
  10. Фрлање смет од станбена зграда или куќа на јавна површина чл. 14 и 15 од ЗЈЧ“.

Според Јане, ова се помалку познатите сообраќајни прекршоци, на кои треба возачите да внимаваат. Инаку, тој често се среќава и со пријави од областа на имотните деликти (кражба или тешка кражба). Посебно истакнува за младите возачи – почетници, да не управуваат со своето возило во периодот од 23:00 до 05:00 часот, ниту пак со поголема зафатнина на моќност на моторот на возилото над 77 киловати.

photo by Logan Weaver on unsplash

Јане се соочува и со граѓани, посебно млади лица кои честопати бараат решенија кои не се во рамките на нивна надлежност. Затоа, кај нас се наметнува погрешна слика за полициските службеници, но Јане ги руши сите стереотипи околу себе, така што јавно говори за неговиот личен живот и неговиот став кон работното место. Тој е вљубеник во природата, обожава да спортува и чита книги,  хуморот е негова слаба точка и за него денот поминат без смеа е залудно потрошен ден.

И во полициската професија иднината е во младите

За младите кои имаат желба да се занимаваат со оваа професија, тој им порачува: „Оваа професија со себе носи ризици и предизвици. Доколку желбата е голема, сите потешкотии можат да бидат надминати. Јас, најискрено, ги охрабрувам сите оние кои се психофизично способни, бараат професија со адреналин, имаат желба за поседување оружје, спремни се за собирање на секаков вид информации од различен профил на граѓаните, да бидат дел од нас. Исто така би сакал да потенцирам дека замислите и очекувањата можат да бидат далеку од реалноста, со оглед на одговорноста во оваа професија. Ќе ми биде задоволство да имаме помлади колеги со посовремени замисли и идеи, затоа што иднината е во младите, тие остануваат да ја креираат иднината и безбедноста на оваа институција“. – истакнува Јане Ѓеорѓиев.

Што се диспечерските компании кои вработуваат голем број млади во Штип и регионот?

Овој млад 24 годишен полициски службеник нека биде вашата мотивација и инспирација, да го остварете својот сон и да не се откажувате и покрај сите предизвици и стереотипи за оваа професија.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите