ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.06.2023
На крај на учебната година, основците добија учебник по Македонски!?
Автор: Goce Author

На десетина дена до крајот на учебната година, основците добија учебник по Македонски јазик, а од употреба е повлечен учебникот по историја за петто одделение.

По цела година ветувања, најави, учениците добија учебник по Македонски јазик. Дали тоа воопшто треба да се споменува, и дали претставува некаков успех? Посебно од аспект на тоа дека сосема бескорисно е давањето на учебник на учениците на крајот од учебната година. Од секој аспект, состојбата со учебниците е тотална катастрофа, бидејќи цела учебна година ја поминаа без поголем дел од учебниците. Давањето на учебници на самиот крај на годината е како некоја шега, или скриена камера. И покрај сите ветувања, проблемот со учебниците едноставно не се реши. Прашање е само дали и наредната учебна година пак ќе биде исто. Како што одат нештата последните години, ваквите апсурдни ситуации нема надеж да се решат.

Покрај распределувањето на учебникот по македонски, повлечен од настава е и учебникот по историја за петто кој беше полн со грешки.

Министерството за образвоание и наука потврди дека од пред десетина не го користат учениците, а минатиот четврток е објавен и повик за формирање авторски тим кој ќе го изработи новиот учебник.

Шаќири: Новиот Закон за учебници ќе ги реши проблемите

„Учебникот што досега го користеа петтоделенците е повлечен поради тоа што одредени содржини не одговараа на барањата од наставната програма со цел постигнување на планирани резултати од учењето и стекнување на потребни компетенции. По повлекувањето на учебникот, наставниците продолжуваат да ја спроведуваат наставата согласно наставната програма“, велат од МОН.

Учебната година завршува, од што учеа учениците досега?

Од здружението на историчари кое ги пронајде бројните пропусти, велат дека одлуката за спојување на неколку учебници како дел од новата концепција во образованието е избрзана одлука. Не очекуваат дека ќе има заинтересирани за пишување на нов учебник па, петтооделенците најверојатно следната школска година ќе ја почнат без четивото Историја и општество. Тврдат дека никој од стручната фела не сака да учествува во изработка на учебник во кој механички се спојуваат неповрзани теми.

Се печатат учебници – 2 месеци од стартот на учебната година

Учебникот по Историја и општество е повлечен и од е-базата на министерството за образавание. Учебникот во наставата за петто влезе во декември, но по само неколку дена беа воочени низа нелогични информации. Монт еверест наместо осум, висок е 29 илјади метри, наш источен сосед е Албанија, а на запад земјава граничи со Бугарија. Тоа беа само дел од забелешките за грешки во учебникот.

Зошто требаа 5 месеци да се повлече учебникот, и исто толку учениците да добијат учебник по Македонски јазик, останува нејасно. Нејасно е и дали некој ќе понесе одговорност за апсурдните пропусти и состојби со обезбедувањето учебници за основците во Македонија.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите