ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.01.2025
На научниците во светот сеуште им се верува
Автор: Goce Author

Довербата во научниците ширум светот е на умерено високо ниво, покажа истражувањето на речиси 72.000 луѓе од 68 земји, објавено во понеделникот.

– Студијата го побива наративот за широко распространета криза на доверба во научниците, пишува научно-истражувачкиот тим во списанието Nature Human Behaviour.

Тимот беше предводен од Викторија Колоња од Швајцарскиот федерален институт за технологија ETH Цирих и Нилс Меде од Универзитетот во Цирих. Неговите наоди покажуваат дека жените, постарите луѓе и луѓето со високи примања имаат особено високо ниво на доверба во научниците.

Верските луѓе, образованите луѓе, либералните луѓе и луѓето со левичарски политички наклонетости, исто така, имаат тенденција да имаат поголема доверба во научниците.

Научниците од Македонија во рекорден број на листата на Стенфорд

Жителите на урбаните средини повеќе им веруваа на научниците отколку на оние што живеат во руралните области.

Студијата има ограничувања.

Во многу земји, луѓето со десничарски и конзервативни политички ставови имаа релативно мала доверба во научниците.

Севкупно, 75 отсто од испитаниците се согласиле дека методите на научно истражување се најдобриот начин да се открие дали нешто е точно или неточно.

Самите истражувачи признаваат дека студијата има неколку ограничувања. На пример, во некои земји се водеше на англиски или француски, иако овие не се најраспространетите јазици таму. Дополнително, истражувањето е спроведено на интернет. И двата од овие фактори можеа да доведат до преголема застапеност на образовани луѓе.

Месечината на листата на загрозено светско наследство
Забрана за телефони во ресторан?