ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.12.2023
На половина од барањата за информации од јавен карактер институциите не одговориле никогаш
Автор: Goce Author

За две години преку платформата „Слободен пристап“ до институциите се испратени 162 барања за информации од јавен карактер, од кои речиси половина не се одговорени. Од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер велат дека институциите и барателите сè уште ја практикуваат класичната форма на поднесување барања преку е-пошта или лично да ги предадат наместо тоа да го направат преку порталот во електронска форма, пишува Порталб.мк

Фото: Meta.mk

Од 2021 година, покрај класичната форма преку електронска пошта и физичка достава, во рамките на Агенцијата за заштита на слободен пристап до информации од јавен карактер, пуштен е во употреба портал (платформа) преку кој физичките и правните лица, барањата за информации можат да ги достават во електронска форма до имателите на информациите (институциите) или да поднесуваат претставки, доколку не добијат одговор на нивното барање во законски предвидениот рок.

Сепак, граѓаните ретко го користат овој портал, а од друга страна, и институциите уште помалку им одговараат. Според статистиката, за овие две години, приближно по шест барања месечно се испратени до институциите преку овој портал, а институциите месечно одговарале на 3 до 4 барања. За малиот број одговорени барања, од Агенцијата велат дека тоа е затоа што институциите избегнувале да одговораат преку платформата и одговорите го доставувале во класична форма.

Од двегодишното функционирање на порталот за барателите, неговата употреба од страна на барателите сè уште е на ниско ниво со 162 поднесени барања до соодветните иматели на информации. Според статистиката на порталот, на поднесените барања, имателите на информации одговориле на вкупно 82 барања, 5 барања се во постапка, а 75 барања се неодговорени. Во однос на неодговорените барања, Агенцијата укажува дека имателите на информации можеби постапиле по нив и ги доставиле до барателите директно на нивната и-мејл адреса или на адресата на живеење или пак барателот лично го добил одговорот, велат за Порталб.мк од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Сепак, тие додаваат дека дури и барателите, во најголем број случаи, не го користат порталот за поднесување барања.

Во однос на тоа дали се промовира платформата со цел да се информираат граѓаните и институциите дека постои овој портал, преку кој лесно може да се поднесе барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, од Агенцијата велат дека „активно го промовираат порталот преку обуки за службеници, охрабрувајќи ги да ги достават одговорите на поднесените барања и преку порталот“.

„За барателите, пак, промоцијата се врши преку работилници и едукативни сесии кои (Агенцијата) ги организира во соработка со граѓанските организации каде што го промовира истиот. Агенцијата ја промовира платформата и на настаните организирани за запознавање на граѓаните со правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и како да ги бараат истите“, додаваат од Агенцијата.

Порталб.мк отвори профил на оваа платформа и на 5 декември годинава поднесовме две барања за слободен пристап до информации од јавен карактер – едното до општина Чаир во врска со Деталниот урбанистички план, додека другото до Судскиот совет, за статистички податоци во врска со застарените предмети. Но, до објавувањето на овој текст, институциите сè уште немаат одговорено на нашите барања.

Целосниот текст на следниот линк.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?