ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.02.2023
Национална кампања „Ги запознаваме ретките болести“

Здружението „Ретко е да си редок“ во февруари го почнува годинешното, јубилејно, 5-то издание на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“.

Време е за 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози. 5-та сезона од Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2023“ повторно е изработена на македонски и на албански јазик и е веќе комплетно подготвена, потенцира Гордана Лолеска од ,,Ретко е да си редок’’.

Многу сме! Ретки сме! Силни сме! Ви го претставуваме најавното видео и боите кои ќе ја обојат кампањата оваа година, вели Лолеска.

Првиот ден на ретките болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови.

Како против лажните вести за вакцините?

Мисија на здружението ,,Ретко е да си редок’’ е да ја подигнат јавната свест со цел јавноста и институциите да се доближат до проблемите и предзвиците на семејствата на лицата со ретки болести.

Проектот го водат видни и афирмирани професори и доктори од целата држава.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите