ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.01.2022
Надал во трето коло на Австралија Опен, со апел до невакцинираните
Автор: Goce Author

Рафаел Надал успешно го помина второто коло на Австралија опен откако со 3-0 славеше над Германецот, Јаник Хафман по сетови 6-2, 6-3 и 6-4. Од друга страна тежок дуел имаше Канаѓанецот Денис Шаповалов, во пет сета беше подобар од Сонво Квон од Кореа, резултатот сетови 7-6, 6-7, 7-6, 5-7 и 2-6.


Ѓоковиќ пак во притвор – мислењата поделени


Пласман во третото коло обезбедија и Италијанецот, Матео Беретини, како и Србинот Миомир Кецмановиќ кој најдобро го искористи тоа што Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија.


„Новак сака да игра, ама нема да барам да го објави својот статус“ вели првиот човек на Австралија Опен


Пораката на Надал до оние кои не се вакцинирани а сакаат да играат е: „Ако се сите вакцинирани тоа ќе биде добро за сите, за сите турнири, во „балон“ сме подолго време, не е на мене да давам насоки, но секако ќе давам поддршка на сите препораки за зачувување на здравјето“

Во женска конкуренција Ешли Барти продолжува да победува, а пласман во третата рунда обезбедија и Азаренка, Свитолина, Бадоса и Киз.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието