
Рафаел Надал успешно го помина второто коло на Австралија опен откако со 3-0 славеше над Германецот, Јаник Хафман по сетови 6-2, 6-3 и 6-4. Од друга страна тежок дуел имаше Канаѓанецот Денис Шаповалов, во пет сета беше подобар од Сонво Квон од Кореа, резултатот сетови 7-6, 6-7, 7-6, 5-7 и 2-6.
Пласман во третото коло обезбедија и Италијанецот, Матео Беретини, како и Србинот Миомир Кецмановиќ кој најдобро го искористи тоа што Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија.
Пораката на Надал до оние кои не се вакцинирани а сакаат да играат е: „Ако се сите вакцинирани тоа ќе биде добро за сите, за сите турнири, во „балон“ сме подолго време, не е на мене да давам насоки, но секако ќе давам поддршка на сите препораки за зачувување на здравјето“
Во женска конкуренција Ешли Барти продолжува да победува, а пласман во третата рунда обезбедија и Азаренка, Свитолина, Бадоса и Киз.