ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.06.2022
Награда за средношколци-автори на стрипови од регионот
Автор: Goce Author

Како дел од заедничката имплементација на меѓународниот стрип конкурс „ALL WE ARE SAYING IS GIVE RECONCILIATION A CHANCE “ денес во Центарот за култура „ГРАДАЦ“ во Рашка, соседна Србија ќе се одржи изложба од сите стрипови пристигнати на овој конкурс. Организација носител на овој проект е Стрип центар на Македонија-Велес.

Делата на младите автори од Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово ќе бидат изложени на оваа изложба. Вклучени се и некои стрипови кои беа поднесени вон конкуренција како на изложбата, така  и во специјалниот наменски каталог.

Во конкуренција на повеќе од 50 стрипови кои пристигнаа на конкурсот, во категоријата основци беа наградени: со прво место Јелена Павловиќ од Белград, со второ место Ангела Ајтовска од Скопје, со трето место Анастасиа Терзиќ од Рашка.

За најдобро сценарио е наградена Ана Мари Пејчиќ од Сараево, додека за најдобар цртеж е наградена Николина Жуљевиќ од Сомбор.

Во категоријата средношколци, најдобра стрип-авторка која го освои првото место е Ана Марија Качева од Скопје, додека жирито втората награда ѝ ја додели на Бојана Лазаровска од Скопје. Анастасија Петровска од Скопје го освои третото место за најквалитетен стрип.

Во категоријата најмлад учесник, наградена е Маја Ќетковиќ од Будва. Специјална награда ѝ беше доделена на Анастасија Велковска од Скопје.

Пристигнатите дела од младите автори беа оценети од меѓународно стрип жири составено од уметници од горенаведените земји.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?