ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.12.2021
Нано роботи кои можат да се размножуваат сами

На сликата можете да ги видите првите „живи“ роботи. Овие микро-машини се всушност нови форми на „живот“ кои можат да се програмираат за извршување на разни задачи.
Доколку добро се покажат во извршувањето на задачи во блиска иднина би требало да ги видиме како ги чистат океаните од загадувачките микро-пластики, како ни ги поправаат органите преку вбризгување во нашиот крвоток и детектираат рани проблеми со нас, како што е ракот или други болести и даваат јасни резултати за попрецизна дијагноза.

Со димензии од пола милиметар овие т.н. Ксеноботови ги направија научници истражувачи од Универзитетот на Вермонт, како и Универзитетот Туфтс, користејќи ги матичните клетки од Афричката канџеста жаба и моќта на супер компјутер, изработен е софистициран алгоритам за креирање на нов нано робот или нова форма на живот со сопствена специјална задача, што никогаш претходно не постоела. Алгоритамот е така склопен што од милијарди симулации на комбинирани поврзувања на клетки, тој го нашол правиот темплејт за креирање задачи на секој од нано роботите.

Нано-роботите што ги креирале се многу интелегентни и сеуште не знаат како најточно, работат, се лечат едни со други, па дури и се размножуваат. На истражувачите потребно им е повеќе време за истражување, за да научат како точно да ги програмираат за нови посложени задачи за извршување. Овие први Ксеноботови се само зачетоци на една иднина каде ќе може човештвото да си изработува свои нови, поголеми форми на живот за потребите на некоја футуристичка цивилизација.

 

Секако тука е и долготрајната соработка и финансирање на проектот од страна на ДАРПА програмата, така што ги остава некои од набљудувачите многу скептични и загрижени за тоа во кој правец ќе се движат експериментите и идните истражувања.

60% од светската популација користи некаков вид на вештачка интелигенција
Грант од 1000 евра ако отворите е-продавница