,,Љубезност’’ е здружение на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци. Нивната иницијатива е борба за драстични промени во општеството. Преку донации се нуди помош од најпотребното, со цел да се намали бројот на гладните семејства.
Здружението ја претстави својата платформа за е-донација, која воедно е и прва ваква онлајн платформа во нашата земја. Со ова се олеснува процесот на донирање со дигитална, брза и транспарентна донација.
Преку оваа платформа можете да донирате храна и санитарни производи дирекно до домот на загрозеното семејство или поединец.
Сите семејства на кои може да се донира се темелно проверени и веродостојни од страна на здружението.
Доколку сакате ќе ви пристигне верификација на вашата електронска адреса со детали за донацијата како и намирниците кои ќе бидат доставени во самиот пакет.
Со кликање на Box2Help пакетот имате можност за бирање на каков вид намирници би сакале да донирате.
Постојат три вида Box2Help пакети во износ од 500, 1000 и 1500 денари.
Со неколку кликови донирате еден од трите пакети кој за вас не значи многу, но за некој е се.
Box2Help е добитник на трета награда за дигитално решение за справување со последиците од пандемијата организирано од Македонско Американска Алумни Асоцијација и Seavus Accelerator.
Направи повеќе за некој, за подобро утре за секој е мотото на ,,Љубезност’’.