
Секој граѓанин должи 4000 евра, а има заштедено 5400 евра – во просек
НАСА потврди дека успешно го сменила движењето на астероидот Диморфос. Ова е прва успешна мисија во која човекот го сменил движењето на небесен објект во Вселената.
Според соопштението, намерниот судир се случил во „клучен миг“ за човекот.
На 26 септември, вселенското летало на НАСА намерно удри во астероидот во обид да ја смени неговата траекторија. Тестот за пренасочување на двојниот астероид (проектот насловен „ДАРТ“) беше прва пробна мисија од ваков вид.
Инаку, нема „познати закани од астероиди на Земјата“, според НАСА, што и нагласи дека мисијата е само тест.