ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.09.2023
НАСА ќе објави резултати од студија за НЛО
Автор: Goce Author

Американската вселенска агенција НАСА ќе ги објави резултатите од долгоочекуваната студија за неидентификувани летечки објекти (НЛО).

НАСА минатата година објави дека ги разгледува доказите за т.н неидентификувани воздушни феномени кои го замениле претходниот термин „НЛО“ во официјалната терминологија.

Фото: NASA

Темата долго време ја фасцинираше јавноста, но беше избегнувана од мејнстрим науката.

Независен тим од 16 истражувачи ги споделија своите прелиминарни набљудувања во мај и заклучија дека постојните податоци и извештаите на очевидците не се доволни за да се извлечат цврсти заклучоци, истовремено повикувајќи на посистематско собирање на висококвалитетни податоци.

Денешниот извештај веројатно нема да го промени тој заклучок, но агенцијата би можела да започне нова задача.

Додека сондите и роверите на НАСА го пребаруваат Сончевиот систем за какви било фосили од антички микроби, а нејзините астрономи бараат знаци на интелигентни цивилизации на далечни планети, агенцијата традиционално ги „открива“ наводните знаци на НЛО на Земјата.

За 27 години се забележани повеќе од 800 „настани“, од кои два до пет проценти се сметаат за можни аномалии, изјавија авторите на извештајот во мај.

НАСА забележала над 800 „настани“ поврзани со НЛО

Тие се дефинирани како „сè што не е лесно разбирливо од операторот или сензорот“ или „нешто што прави нешто чудно“, рече членот на тимот Надија Дрејк.

Американската влада почна посериозно да го сфаќа прашањето за НЛО во последниве години, делумно поради загриженоста дека тие се поврзани со странска шпионажа.

Работата на НАСА, која се потпира на некласифицирани материјали, е одвоена од истрагата на Пентагон, иако двете институции се координираат во примената на научни алатки и методи.

Во јули, поранешен службеник на американското разузнавање се најде на насловните страници кога пред конгресната комисија изјави дека „апсолутно“ верува дека владата поседува неидентификувани феномени, како и останките на нивните вонземски контролори.

– Моето сведочење се заснова на информации што ми ги дадоа поединци со долгогодишно искуство. Многумина споделија и убедливи докази во форма на фотографии, официјални документи и тајно усно сведочење, им рече Дејвид Груш на конгресмените.

НАСА со намерен удар успешно промени движење на астероид

На почетокот на оваа недела, наводните тела на две „нечовечки“ суштества беа претставени за време на конгресното сослушување во Мексико. Тоа предизвика мешавина од изненадување, неверување и потсмев на социјалните мрежи.

Наводните мумифицирани останки, кои имаа сивкаста боја и облик на тело слична на онаа на човекот, ги донел Хаиме Маусан, контроверзен мексикански новинар и истражувач кој пријавил дека ги нашол во Перу во 2017 година.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието