
Внимание: Тимот на Young Media Network бара лого! Ни треба вашата помош, бидејќи ние сме тука за вас и сакаме решението да дојде од вас: млади луѓе!

Основачите на Young Media Network
Кои сме ние: Young Media Network YMN е меѓународна асоцијација, основана на крајот на ноември во Белград како резултат на долгогодишна неформална соработка помеѓу новинари и уредници од повеќе земји во регионот. Не поврзуваше желбата да создаваме, вмрежуваме и разменуваме медиумски содржини за млади луѓе прилагодени на младите и нивните интереси. Меѓу основачите има девет правни и физички лица (медиуми и физички лица) од Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора. Сепак, ова не е крајот. Нашата мисија е да продолжиме да поврзуваме млади луѓе од што е можно повеќе земји. Во 2023 година одиме со полна пареа!
Што бараме: Логото треба да претставува некои од основните вредности на нашата и вашата мрежа: вмрежување, копродукција, интеркултурност, професионализам во известувањето, етика, учество, медиумска писменост и што е најважно, младост. Се пријавувате со предлог лого, а доколку сте избрани ќе треба да поднесете лого во векторски формат, brand guide, предлог бои, и предлог за употреба на логото во различни варијанти.
Рок и адреса: Предлозите и евентуални прашања поврзани со повикот за лого може да ни испратите до 15 февруари 2023 година на адреса: bozicjelena94@gmail.com
Гоце.мк дел од Young Media Network – меѓународна организација за медиуми