Француската агенција за медиумски развој, во рамките на проектот Balkan Voices 2., ја објавува можноста за млади новинари и студенти по новинарство од Западен Балкан да се приклучат на натпреварот „Преминување граници: натпревар по новинарство“.
Повикот е отворен од 13 јануари до 17 февруари 2025 година, при што ќе бидат избрани вкупно 30 студенти (по 5 од секоја земја од регионот). Избраните учесници ќе имаат можност да се вклучат во обука организирана од Институтот Jacques Delors, по што ќе бидат формирани групи под менторство на искусни новинари.
Секоја група ќе има задача да изработи транснационална новинарска продукција на тема поврзана со европската интеграција и Берлинскиот процес. Најдобрите ќе бидат наградени со студиско патување во Франција и Брисел, каде ќе имаат можност да ги запознаат европските институции и да ги прошират своите знаења и вештини.
Ова е уникатна можност за младите новинари да го искажат својот креативен потенцијал, да стекнат нови искуства и да се вклучат во меѓународна соработка.
Повеќе информации за повикот и условите за учество може да најдете на следниов линк:
Повеќе детали
За да аплицирате, посетете го линкот:
Линк за аплицирање