ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.09.2024
Научниците од Македонија во рекорден број на листата на Стенфорд
Автор: Goce Author

Научниците од Македонија се најдоа во рекорден број на листите на Стенфорд за највлијателни и најцитирани светски научници, и покрај се помалата поддршка на науката во државата.

По се изгледа во Македонија важи правилото-колку помала поддршка, толку поголеми резултати. Иако во Македонија не се финансираат било какви проекти од областа на науката веќе 20-тина години по ред, а од 2021 година нема скоро никаква поддршка за наука, на листите на Стенфорд за највлијателни и најцитирани светски научници што се публикувани неодамна (August 2024 data-update for “Updated science-wide author databases of standardized citation indicators” – Elsevier BV (digitalcommonsdata.com)) се најдоа рекорден број на македонски научници, рангирани во датабазите за 2% највлијателни светски научници на сите времиња, како и во групата на 2% најцитирани научници за 2023 година.

Така, на листата на Стенфорд универзитетот за највлијателни топ 2% светски научници на сите времиња и од сите области, Македонија има четири научници кои се во редовен работен однос на македонските универзитети и тоа: академик Валентин Мирчески од Институтот за хемија при Природно-математички факултет во Скопје, Кимет Јусуфи од Природно-математичкиот факултет при Државниот Универзитет во Тетово, Рубин Гулабоски од Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев во Штип и Марјан Гушев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ.

Додека академик Валентин Мирчески и професорот Рубин Гулабоски главно работат на теоретски студии од областа на теоретската биоелектрохемија, во полето на развој на сензори за аналитичка примена во медицината, како и на механизмите на електрохемиските активности на голем број лекови и ензими, професорот Кимет Јусуфи работи во полето на теоретската физика и публикува нови теории за однесувањето и феномените поврзани со црните дупки. Професорот Гушев работи во подрачјето на информатичките науки.

Повик за научници за учество во програмата „Study of the United States Institutes“

Научниците од Македонија рекордни годинава – деветмина меѓу 2% највлијателни и најцитирани

Покрај овие македонски професори што се во редовен работен однос на македонските универзитети, на листата на Стенфорд се и светски признатите академици во пензија Љупчо Коцарев и Леонид Грчев, како и починатиот академик Ратко Јанев, кој беше еден од најпознатите физичари на просторите на бивша Југославија. Пензионираните професори од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје Иван Грозданов и Трајче Стафилов се исто така на листата на најдобри научници на Стенфорд на сите времиња.

На листата на Стенфорд за најцитирани научници за претходната 2023 година, Македонија е застапена со рекорден број научници во досегашните рангирања: Кимет Јусуфи, Веланд Рамадани од Штуловиот Универзитет, академик Љупчо Коцарев, Биљана Петровска Бауер од Фармацевтски факултет при УКИМ Скопје, академик Леонид Грчев, Спасовски Гоце од Медицинскиот факултет (клиника за нефрологија) при УКИМ , Билјана Стојкоска од ФИНКИ при УКИМ, Рубин Гулабоски од Универзитетот Гоце Делчев Штип, академик Валентин Мирчески од ПМФ при УКИМ, како и починатиот академик Ратко Јанев се научниците кои се најдоа и на листите на Стенфорд универзитетот за најцитирани 2% научници за 2023 година.

Македонија нема универзитети меѓу 1000 најдибри, а има научници со кои може да се гордее

Додека Македонија на листата на 2% највлијателни светски научници е застапена со 9 научници (што се помалку од 0.2% од вкупниот број активни научници во Македонија во моментот), на листата на Стенфорд се наоѓаат повеќе од 100 научници од Србија и Словенија, повеќе од 80 научници од Хрватска и Бугарија, повеќе од 200 научници од Грција. Од државите во регионот, Македонија е подобра според оваа листа на Стенфорд од Босна и Херцеговина која е застапена со 8 научници, од Црна Гора која е застапена со тројца научници, како и од Косово и Албанија (од двете држави нема научници застапени на листата на Стенфорд). Очекувано, најголем број од највлијателните светски научници работат во Соединетите Американски Држави, Јапонија, Кина, Германија, Русија и Канада.

Македонските научници најактивни меѓу земјите од Западен Балкан во активностите на програмата COST

Во Македонија владее очигледно еден вид на научен парадокс. Иако македонските универзитети не се меѓу најдобрите 1000 светски универзитети, сепак со научниците Македонија  може да се гордее. Забележливо е дека македонски научници во последните неколку години се појавуваат како автори на трудови публикувани во најдобрите светски списанија како Science, Nature, Scientific Reports, English Journal of Medicine, Journal of the American Chemical Society, Physical Review и многу други респектабилни светски списанија, факт што укажува дека во одредени центри на универзитетите во Македонија постои голем степен на научна извонредност, кои функционираат и без средства обезбедени од извори во Македонија.

 

August 2024 data-update for “Updated science-wide author databases of standardized citation indicators” – Elsevier BV (digitalcommonsdata.com)

Сув јануари – предизвик за еден месец без алкохол
Метапневмовирус не е нов вирус, нема опасност за нов Ковид