ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.09.2024
Научно истражување: Радиостаниците се на работ на само одржливост – потребни се сериозни реформи за нивно опстојување
Автор: Goce Editor

Радиостаниците и нивниот опстанок беше една од темите на научно истражување на проф. д-р Јорданка Галева од правниот факултет и м-р Игор Стојанов од Одделот за радио и ТВ при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Двајцата истражувачи најпрвин направиле сеопфатна анализа на медиумскиот пазар, а воедно и студија на случај за националното радио Канал 77 кое, според нив и според статистичките податоци од АВМУ, има значаен раст поради промената на стратешкиот пристап и бизнис моделот.

Научниот труд беше насловен „Иднината на македонските радиостаници насочени кон вести во време на социјални мрежи и вештачка интелигенција“. Што беше предмет на истражувањето прегледајте во дел од говорот на професорката Галева во продолжение:


Инаку ова научно истражување е дел од поголем меѓународен проект кој го работи Универзитетот „Гоце Делчев“ кој има за цел да им помогне на локалните и регионални радиостаници во постигнување на програмска привлечност преку алатка и вештачка интелигенција.

Научното истражување на крајот дава препораки за тоа што се е потребно, со цел да се направи напредок во медиумската сфера, а со особен фокус на локалните и регионални радио станици. Радиото Канал 77 и нивната трансформација е земено како студија на случај која покажува дека со значајни реформи може да се постигнат резултати, а доколку овие реформи и промени бидат направени од повеќе страни, како организации, власти, бизнис сектор, тие резултати можат да бидат и поголеми и позначајни.

проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите