
Сите сакаме да го максимизираме сопствениот потенцијал: инвестираме во кариера, следиме исхрана, броиме чекори и купуваме суплементи. Но, кога научниците ќе ги стават сите податоци на маса и ќе спроведат мета-анализи врз стотици илјади луѓе, резултатите се изненадувачки.
Генетиката е само мал дел од равенката. Најголемите одлуки за долговечноста (longevity) ги носиме секој ден преку нашиот животен стил.
Кои се трите најмоќни фактори за долговечност според најголемите медицински мета-студии?

Photo by Philipp Hubert on Unsplash
Ако мислеше дека првото место го зазема некоја строга диета или биохакинг протокол — грешиш.
Монументалната мета-анализа предводена од д-р Џулијан Холт-Лунстад (Julianne Holt-Lunstad) од Универзитетот Бригам Јанг, која опфаќа над 300.000 испитаници, покажа дека силните социјални врски го зголемуваат преживувањето за дури 50%.
Што значи ова во пракса?
Осаменоста и социјалната изолација го оштетуваат организмот исто колку и пушењето 15 цигари дневно. Осаменоста предизвикува хронично воспаление, го покачува кортизолот и го оштетува кардиоваскуларниот систем.
Грижата за пријателствата, градењето заедница и подлабоките односи со блиските не се само прашање на емоционална удобност — тие се фундаментален здравствен фактор.
Без оглед на сите трендови во фитнес-индустријата, пушењето цигари останува најопасниот превентабилен фактор за предвремена смртност во светски рамки.
Мета-анализите покажуваат дека лицата кои никогаш не пушеле или навреме се откажале од пушењето, го намалуваат ризикот од ран фатален исход за 30% до 50%.
Прекинот на пушењето директно го елиминира ризикот од трите најголеми убијци на современиот човек: кардиоваскуларните болести, ракот на белите дробови и хроничните респираторни заболувања.
Физичката активност е одлична, но науката прави јасна разлика помеѓу обичното движење и аеробниот капацитет (VO2 Max).
Студијата објавена во JAMA Network Open од д-р Кајл Мандсегер (Kyle Mandsager) и неговиот тим од Клиниката Кливленд (спроведена врз над 120.000 пациенти) откри дека ниското ниво на кардиореспираторна кондиција носи поголем ризик од смртност дури и од дијабетес или хипертензија.
Зошто е важен VO2 Max?
Преминувањето од категорија со ниска кондиција кон надпросечна или висока кондиција го намалува севкупниот ризик од смртност за речиси 50%. Високиот аеробен капацитет значи појако срце, поефикасни митохондрии и подобра метаболичка флексибилност.
Сумирано ова би значело дека треба да ги елиминраме цигарите од нашиот живот, а повеќе да се фокусираме на пријателите, силните врски со роднините и социјалната активност. Подалеку од екраните и инвестирање во реални и вистински пријатели буквално ви го продолжува животот.