ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.12.2022
Навивачко лудило по улиците на Буенос Аирес, градот се тресе по победата на Аргентина над Хрватска
Автор: Goce Author

Фудбалерите на Аргентина со убедлива победа против Хрватска од 3:0 се пласираа во финалето на Светското првенство во Катар, а на улиците на Буенос Аирес имаше огромно славје поради пласманот на Гаучосите во борбата за трофејот.

Фото: Твитер

Илјадници навивачи ги исполнија улиците на Буенос Аирес, каде прво во живо го следеа натпреварот, а потоа ја прославија големата победа над Хрватска.

Според видеата, навивачите најмногу го скандираа името на Меси, а на Твитер беше објавено видео со натпис дека „градот се тресеше“ од возбудата и големата еуфорија која владееше меѓу Аргентинците.  Прослава траеше неколку часа откако заврши натпреварот.

Сепак, јасно е дека Аргентинците се уште не ја исполниле својата главна цел, а тоа е освојување на титулата светски првак, па нема дилема дека во недела на улиците на главниот град ќе има пеколна атмосфера.

Аргентина победи со 3:0 против Хрватска, а головите ги постигнаа Лионел Меси и Алварез кои постигна два гола.

Во финалето Аргентинците ќе играат против подобриот од вечерашниот дуел меѓу Франција и Мароко, а се игра од 20 часот. Финалето е закажано за в недела.

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски