ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.05.2023
Најдобрата ракија во светот ја прави штипјанец кој работи во Србија

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип.

International Wine and Spirits Contest – IWSC е еден од најпрестижните натпревари во светот за алкохолни пијалоци кој секоја година се одржува во Лондон. Оценувачи се 120 експерти и инфлуенсери од светот на јаките алкохолни пијалоци, а учество оваа година земаа производители од 98 земји со преку 4100 примероци на алкохолни пијалоци. Меѓу учесниците се најде и дестилеријата Подрум Палиќ 1896 од Србија, а технолог за производство на јаки алкохолни пијалоци е штипјанецот Александар Рунчев.

Александар Рунчев

„Одлуката да дојдам во Србија и да бидам дел од тимот на Подрум Палиќ 1896 беше мотивирана од проектот – комплетно реновирана, модерна дестилерија и предизвикот ми беше да работам во такви услови и на нови производи. Прилагодувањето не беше тешко, бидејќи Суботица е мултикултурен град, со дури четири службени јазици. Подрум Палиќ 1896 има големо портфолио на производи, од нашата премиум линија „Baraba“, која вклучува ракии од грозје, крушка – вилјамовка, кајсија, слива и дуња, до вињак, џин – под брендот Sinner, како и ликер од вишни и хербални ликери пелинковец – Gorshtak и амаро – Botanic Garden.“, вели Рунчев.

Ракијата на Подрум Палиќ 1896 е прогласена и за најдобра во светот од таа категорија

На овогодинешното издание, Подрум Палиќ 1896 зеде учество со комплетната линија „Baraba“ и Podrum Palić Vinjak. Сите 6 ракии добија награди, од кои „Baraba Lozovaća“ доби злато со 99 поени, награда Outstanding Gold и трофеј за најдобра ракија во светот од својата категорија.

Ракијата Бараба

Оваа награда е прво злато воопшто за некоја ракија од Србија на ова натпреварување

Вкусот на ракијата која се смета како најдобра во светот беше опишан  од страна на оценувачите како “овошен со заоблени вкусови на сочни јагоди, ананас, свежи кајсии, вкусни мандарини и мирисна москато нота на грозје. Благословена со великодушно долга цветна завршница. Едноставно магична“.

Подрум Палиќ

Сензорното оценување вклучува оценување на основните карактеристики: боја, бистрина, типичност, мирис и вкус.“, вели Рунчев.

За сензорното оценување  човекот е мерниот инструмент. Според Рунчев, оценувачот мора да биде образован и способен потполно да го апстрахира својот личен вкус т.е. да биде потполно неутрален, а своите сетила да ги користи потполно независно.

Во поглед на квалитетот на нашите алкохолни пијалоци овде, Рунчев вели дека Македонија е земја со долга традиција во производството на алкохолни пијалоци и постојано ги следи светските трендови и го унапредува квалитетот на истите.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?