На The Game Awards 2022 беа презентирани и наградени голем број на нови игри, од кои некои се и постари, но модернизирани со надградена графика. Имаше повеќе категории во кои, според мислењето на жирито, беа наградени најдобрите игри.
Не е чудо што „Elden Ring“ ја доби наградата за игра на годината, што беше очекувано бидејќи играта беше најдобриот кандидат за оваа награда. Иако „God of War“ се приближи според бројот на освоени награди, сепак би го издвоиле говорот на актерот Кристофер Џаџ којшто го позајмува гласот за протагонистот Кратос. Големо изненадување за гејмерите беше тоа што Ал Пачино ја најави наградата. Пачино изјави дека самиот не игра игри, но поминал многу време гледајќи ги своите деца како играат.
Тоа што голем број од видео игрите за кои веќе имаме пишувано се појавуваат во листите на номинираните и беа дел од најдобрите покажува дека нашата проценка била добра.
Секако, подетални написи на македонски јазик за повеќето споменати игри на настанот можете да најдете во Ctrl Z, Гејминг рубриката на Мета.мк. Засега би ве потсетиле на неколку наши минати написи и наслови за God of War , Final Fantasy XIV , Stray , Plague Tale и, секако, Elden Ring – игра за која навивавме сите подолго време, а сега доби заслужено признание како игра на годината.
Текстот оригинално објавен на МЕТА.МК