
Градски хор Штип, оваа година на овој ден ја покажа својата хумана димензија. Одржа еден прекрасен и незаборавен концерт во НУ- Центар за култура ,, Ацо Шопов “ Штип.
Диригент м-р Ивана Ѓурѓевиќ Јанков успеала да ги координира хористите од различни генерации на многу професионален и перфектен начин.
Задоволство е да се работи со хористи кои што ја сакаат музиката, живеат за музиката и несебично ја подаруваат музиката. Целта е постигната, затоа што докажавме дека музиката е универзален јазик- вели таа.
Насмевката на лицата на нашите специјални гости: Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ,, Порака “ Штип, Државното средно училиште за образование и рехабилитација ,,Искра” од Штип, Штипските тамбураши, студентите од Музичката академија при УГД Штип и најмладите членови на Културно уметничкото друштво ,,Ристо Донев учителот” од Штип, беше доказ дека музиката е срцето на животот, врв на сите уметности и вечна инспирација.
Музиката е храна на љубовта, ако љубовта се храни со музика. Мотото на нашиот хор е да шириме љубов со музика- истакна диригент м-р Ивана Ѓурѓевиќ Јанков.
Долго ќе го паметам овој прекрасен концерт на ,,Градски хор Штип”, затоа што беше исткаен од љубов, насмевки,емоции, среќа и радост. Како ехо одѕвонуваше музиката, која што е клуч за среќен живот.
,, Нашиот свет се вика музика, нема вера ниту граница”- беа едногласни сите хористи.