
Најголемата вистина е новиот македонски филм на младиот Мартин Цветковски.
Мартин веќе 23 години се наоѓа на културната сцена. Од 5-годишна возраст, е на сцена со голема љубов, со фолклор, музика, ора, песни и глума. Денес е управител на „Ансамбл – Никола Јoнков Вапцаров“.
Освен фолклор, Мартин Цветковски е млад режисер кој за првпат својата идеја ја реализираше во филм насловен како ,,Најголемата вистина’’, во кој и тој самиот е актер.
„Идејата за филмот дојде на многу интересен и необичен начин. За првпат, одлучив малку да излезам надвор од уметничките рамки на фолклорот и да се одлучам на поголем предизвик – да се пренасочам кон актерството, нормално како аматер’’ – истакнува Мартин.
„Пред да започнеме со реализација на филмот според сценариото што го напишав, краток опис, испративме до една добро позната продукција во регионот на Балканот, која веќе има продуцирано неколку добро познати филмови на филмската сцена…. Одговорот од нив беше позитивен и беа заинтересирани за разговор и за можна продажба на сценариото… Но, сепак се одлучивме да си го задржиме тука, како наше…“ вели Мартин.
Една пилула плус – еден килограм минус, краток филм со силна порака
„Во нашиот филм – „Најголемата вистина“, сакаме на публиката да ѝ овозможиме, или барем да се обидеме да ѝ овозможиме – 2 часа (и нешто плус) каде што ќе можат да доживеат психолошка бура од емоции која ќе ги држи до крајот“ – додава Мартин.
Мартин ни раскажа зошто се одлучил за ваков жанр.
„Од жанрот мистерија, не можам да одолеам на “Crime-Drama-Mistery-Thriller” – тоа е совршена комбинација! ,,Виновникот’’ е тој што најмалку го очекува публиката.’’
Ваков вид на тематика и сценарио, како што кажав, не познавам во македонската филмска индустрија (можеби грешам), а поголемите македонски филмски проекти досега, се’ уште се базираат на историски и традиционални тематики, нешто што се помалку ги интересира новите генерации“.
Мартин во сцена од филмот
Најголема пречка во текот на снимањето на филмот им биле полициските часови за време на карантинот, во екот на короната. Добивале одобренија на денот на снимањето, па морале да го откажуваат снимањето, но сепак филмот е снимен и наскоро ќе биде премиерата. Не сакаше да ни открие кога е точниот датум, но сепак, ни откри нешто:
„Да, се знае датумот на премиерата, меѓутоа се’ уште не е објавен јавно. Ќе се одржи во 4 града во Македонија: Скопје, Св.Николе, Охрид и Битола. Започнуваме од Скопје, продолжуваме во Св.Николе, потоа на ред доаѓаат Охрид и Битола. Точниот датум не би го открил засега, но можам да кажам дека Скопје и Св.Николе се на самиот крај од месец февруари, а Охрид и Битола во првата недела од месец март.“
Целиот тим
,,Особено значајна ни е поддршката од публиката, за да поттикнеме и мотивираме што повеќе наши професионални актери, продукции или аматери да изработат вакви проекти со цел колку-толку збогатување на македонската филмска индустрија, која за жал, споредено со регионот е далеку поназад.’’
Ѓоргиева: “Денес сме многу поблиску од било кога до филмската индустрија на Запад”
„Би споменал само дека 1-2 нови сценарија за нов проект веќе се размислуваат, а веќе се размислува и на продолжение на овој филм. Самиот крај на филмот “бара” и мора да има продолжение, затоа што на крајот од филмот, публиката ќе има многу прашања од типот: Што понатака? Што ќе се случува? Како испадна сето ова? Како е изведено ова? Зошто?’’
Дел од снимањето
„Сите сетови-сцени во кои играше – “Ибраим Сали”, или публиката како што го знае како “Бајрам во 3-та”… Тие што ги имаат гледано неговите видеа на Facebook, Instagram, Tik-tok, знаат за кого зборувам. Тоа е нашиот “Талат од Тетоо”.
Од мене како режисер, беше побарано да си го задржи неговиот дијалект и дикција, и тој беше единствениот учесник во филмот кој не доби конкретен текст .
Му беше објаснета сцената, улогата, поентата и краток опис на текстот-говорот што треба да го каже, а тој сето тоа си го скрои во негов стил и испадна совршено, ќе видите во филмот.
Една негова реплика, или сет, ако редовно требаше да се снима за еден час, со него се снимаше два часа, затоа што буквално и актерите, тонците и камерманите не можеа да се воздржат од смеа на моменти од неговиот уникатен настап на конкретната сцена.“
„Сето тоа што ве прави исполнети, среќни и се пронаоѓате во таа дејност – направете го тоа! Зграбете ја можноста, бидете храбри и преземете чекори, па дури и да погрешите. Подобро да погрешите и да научите од тоа. И би упатил уште еден совет до сите останати: Живееме во 21 век, не во 19 век. Помалку осуди и предрасуди кон младите… Различни се времињата, светот станува се “погрд”, посуров, и полош… а, светот на младите останува.
Посебен кастинг и бирање на актери кои ќе глумат во филмот немало, бидејќи актерите биле од самиот почеток во тимот. Единствениот кастинг бил за главната улога во филмот, Фросина Крстева. Филмот започнува со нејзиното убиство и завршува со неа во расплетот на убиството.
„И да и не. Затоа што тука зборуваме за теорија и пракса. Тие две работи се поврзани и се надополнуваат постојано. Но, кога би издвоил едно – повеќе би ја издвоил праксата која во секоја дејност е многу потешка од теоријата.
Впрочем, знаете колку најуспешни светски актери на холивудската сцена, не се професионални актери и немаат професионална академија? Џим Кери , Џони Деп, Кристијан Бејл, Камерон Диаз и многу други.
Еден вид идол му се James Wan, David Ficher и Christopher Nolan, од кои црпи инспирација. Но, доколку добие шанса да преточи некоја книга во филм, тоа би биле „Двојната лота“ од Ерих Кестнер, од светскиот простор и романот „Сама“ од Горјан Петревски.