ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.03.2022
Најнова историја за руските ученици
Автор: Goce Author

Најнова историја ќе им биде презентирана на руските ученици во целата земја, преку онлајн предавање за „ослободителната мисија“ во Украина.

Фото: Screenshoot You tube

Руското Министерство за образование објави дека децата во училиштата низ целата земја ќе гледаат онлајн предавање на тема „зошто беше неопходна ослободителната мисија во Украина“.

Предавањето се одржа денеска напладне по московско време, а руските ученици слушаа „за опасноста што ја претставува НАТО за нивната земја“ и „зошто Русија застана во одбрана на цивилите во Народната република Доњецк и Луганск“.

Министерството за образование на Фејсбук објави дека децата на ова предавање ќе научат „да ја разликуваат вистината од лагата меѓу мноштвото информации, фотографии и видеа кои денес го преплавуваат интернетот“.

Посебен прирачник за наставници

Рускиот независен медиум МедиаЗона, основан од Марија Аљохина и Надежда Толокоњикова, членки на рускиот феминистички бенд Пуси Рајотс, во понеделникот објави дека од 1 март во училиштата низ Русија ќе се одржуваат специјални часови на кои ќе се учат наставниците од седмо до единаесетто одделение за да ги прераскажуваат аргументите од говорот на Путин, во кој се наведуваат причините за „специјалната воена операција“ во Украина и кои се осудуваат секакви антивоени потези.

МедиаЗона го објави целиот прирачник, кој наводно го добиле наставниците во регионите на Москва, Калуга, Сахалин и Тула и чии упатства наставниците треба да им ги претстават на децата. Во прирачникот, на пример, се наведува дека „Русија направи се што е можно за мирно да се реши ситуацијата“ и дека „руската армија во Украина спасува луѓе“.

„Руската армија во Украина спасува луѓе“ – вистина за руските ученици

„Русија од самиот почеток направи се за мирно да се реши ситуацијата. Меѓутоа, украинските власти во два наврати извршија воени операции на ова подрачје, а сега сме сведоци на трет обид“, стои во прирачникот за учител.

Преседани како Косово и Украина го загрозуваат меѓународното право

„Жителите на регионите Доњецк и Луганск веќе осум години живеат во најтешки економски и политички услови. Тие се изложени на постојано гранатирање и блокади. Оние кои живеат во близина на линијата на фронтот честопати беа принудени да се преселат во подрумите и да живеат таму со нивните семејства“.

Во прирачникот има дел за можни прашања и одговори во кој се вели дека ако ученикот праша дали ова можело да помине без воена операција, наставникот треба да одговори дека „специјалната мировна операција е неопходна мерка за спасување на луѓето во Украина“.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години