
Кои дестинации треба да ги посетите, ако верувате во тоа дека носат среќа? Верувањата се убава работа, еве кои се трите „најсреќни’ дестинации!
Бидејќи почетокот на годината со себе носи нови цели и одлуки, експертите од платформата PsychicWorld.com сакаа да откријат кои дестинации ширум светот се верува дека носат среќа, а кои треба да се посетат во 2022 година.
Photo by Michele Bitetto on Unsplash
Истражувањето анализирало три критериуми – бројот на месечни пребарувања на Google, бројот на хаштагови на Instagram и бројот на прегледи на TripAdvisor.
Комбинирањето на овие критериуми воспостави просечна оцена на популарност со највисока оценка од 10 за секоја од 30-те анализирани дестинации.
На прво место е Фонтаната Треви во Рим, веројатно најпознатата локација во Италија, каде што луѓето доаѓаат, меѓу другото, и затоа што веруваат дека носи среќа.
Нејзиниот рејтинг е 9,5 до 10, а најдобро е оценета на Tripadvisor и е втора по бројот на хаштагови на Инстаграм.
Оваа фонтана е завршена во 1762 година, а се верува дека оние кои бараат среќа треба да застанат со грб кон фонтаната и да фрлат паричка преку левото рамо за да гарантираат среќа и враќање во Рим во иднина.
Photo by Raimond Klavins on Unsplash
На второ место е Света Софија во Истанбул со оценка 9,3 од 10 – таа е втора по бројот на месечни пребарувања.
Побарајте го столбот за плачење (столбот Свети Григориј), во кој има дупка со големина на палецот, затворена со месингана плоча.
Ставете го палецот во дупката, па свртете го за 360 степени и наводно ќе ви се остварат сите желби.
Photo by Cédric Dhaenens on Unsplash
На третото место е браната Хувер во Невада со оценка 9,2 од 10 – со највисок просечен глобален месечен обем на пребарување од 305.000 пребарувања.
Во браната Хувер има јарбол од знаме висок 142 метри, кој е опкружен со две статуи од по повеќе од девет метри, наречени Крилја на Републиката.
Пекингшки трамвај, жолта тиква – забранети дестинации во 2022!
Во локалната традиција се смета дека триењето на стапалата на овие фигури предизвикува среќа.
По овие, следуваат Карлов мост во прага (оцена 9), замокот Бларни во Ирска (7.5) и Фушими инари -таиша во Јапонија (7.1)