
Стари градби потврдуваат дека Македонија е земја за која е докажано дека чувала живот уште пред повеќе од 7 000 години. Во тој временски период таа се менувала многу за да дојде до овој модерен изглед кој го има сега. Нормално е повеќето градби да бидат уништени, но има многу објекти кои се зачувани, или барем нивните остатоци. Сите тие објекти, стари градби и археолошки наоѓалишта ја покажуваат прекрасната историја на земјата. Невозможно е да се набројат сите но еве некои од нив:
Во 1937 година почнува изградбата на новата железничката станица во Скопје која трае 3 години. Во тоа време станицата во Скопје била една од најубавите на Балканот која имала огромен хол од 1000 м 2 со подземни премини и повеќе покриени перони. Старата железничка станица, денес Музеј на Град Скопје, работела во периодот 1940-1963 година. На 26 јули 1963, дел од станицата се срушил за време на земјотресот кој го погодил Скопје.
Тетовското кале или Тврдината Балтепе, се наоѓа над градот Тетово. Најстарите остатоци од тврдината се големите блокови од бигор кои потекнуваат од IV-III пред нашата ера. Се претпоставува дека била обновена во средниот век и подоцна во турскиот период во 1820 година од страна на Абдурахман Паша. Местото има прекрасен поглед на целиот Полог.
Свети Стефан, попозната како Свети Стефан Панцир — македонска пештерна црква, која се наоѓа во охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан. Црквата претставува главна манастирска црква на Шипокничкиот манастир. Црквата е сместена во атарот на селото Шипокно, веднаш над регионалниот пат Охрид-Свети Наум, над последните градби од новата туристичка населба Свети Стефан.
Се работи за поранешен ан сместен во Старата скопска чаршија. Градбата, заедно со Чифте амам и Мурат-пашината џамија ја сочинува единствената постојна „исламска тројка“ на територијата на Скопје. Денес, таму се сместени Музејот на Старата скопска чаршија и Ликовната академија.
Меѓу познатите стари градби е и Скопскиот аквадукт. Датумот на неговата изградба до скоро не бил познат. Се сметало дека тој датира од времето на античкиот период на Римското Царство или средновековниот период на Империјата, во времето на Јустинијан I , од 527-554 година, па поради тоа овој аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Според овие мислења тој бил поврзан со градот Скупи.
Свети Наум Охридски црквата ја подигнал во 900 година и ја посветил на Светите архангели Михаил и Гаврил. Во 910 година, по смртта, Свети Наум бил погребан во малата капела во црквата. Капелата е украсена со прекрасни фрески со сцени од животот и чудата на Свети Наум.
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.
Автори: Антониа Симјоновска и Меланија Панева