
Користењето лекови и внесувањето супстанци во сопствениот организам треба да е внимателен процес и под надзор на професионалци. Агенцијата за лекови на Македонија апелира на внимателно користење на лекови.
Употребата на лекови по препораки на социјалните мрежи и влијанието на познати личности (инфлуенсери) им се наметнува на граѓаните и е се почесто присутно , особено кај младата популација. Периодов е актуелна злоупотребата на лекот Оземпик, кој е регистриран во РСМ и е индициран за третман на возрасни со недоволно контролиран дијабетес мелитус тип 2 како надополнување на исхраната и физичката активност. Употребата на овој лек е холивудски тренд и се набавува како средство за слабеење, се вели во реакцијата на Малмед.
Балканот најмногу употребува дрога во Европа – Загрижувачка состојбата и во Македонија

Агенција за лекови и медицински средства сака да апелира дека лекот Оземпик е регистриран исклучиво за третман на возрасни пациенти со дијабет тип II, кој се издава само на лекарски рецепт. Примената на лекот за слабеење е надвор од одобреното индикационо подрачје, таканаречена “off-label” употреба за која лично е одговорен лекарот кој го пропишува и за истото треба да го извести МАЛМЕД.
ИНОВАЦИЈА: Млади направија апликација за пребарување на најблиската аптека со најевтин лек
Како и за секој друг лек, и за лекоит Оземпикот постојат контраиндикации, односно состојби во кои лекот не смее да се применува, а евидентирани се и несакани реакции (намалување на нивото на шеќер во крвта, повраќање, пролив, болки во стомакот, запек, мачнина, пореметување на метаболизмот и други) кои здравствениот работник треба да му ги укаже на пациентот и да му даде совет како да се справи со нив.
До Агенција за лекови и медицински средства е пристигната и пријава од страна на носителот на одобрение за ставање на лек во промет за лекот Оземпик за фалсификуван лек на територијата на нашата држава. Агенција за лекови и медицински средства сака да Ви укаже на можноста за појава на фалсификат на пазарот и потребата од поголема претпазливост при набавката на лекот.
Фармацевтските инспектори согласно дадените информации во пријавата спроведува вонреден инспекциски надзор во аптеките.
Сакаме да потенцираме и да укажеме на важноста за купување на лекови од овластени, соодветни извори за набавка (овластени правни лица кои имаат одобрение за промет на мало со лекови издадено од Агенција за лекови и медицински средства), а се со цел користење на лекови со потврден квалитет и безбедност кои се одобрени со Закон.