ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.10.2021
Недела на детето

Дали оваа поштенска марка ве потсетува на вашето детство?

Секоја година, првата недела од месец октомври се обележува „Недела на детето“ во сите земји членки на Обединетите нации.
Децата се нашето најголемо богатство, наша гордост, радост и наша иднина – ова е мотото под кое се водат организаторите на Министерството на труд и социјална политика.

Оваа година е организирана меѓуопштинска олимпијада ,,Нека победи највеселиот’’, од страна на Општина Бутел и детската градинка ,,11 Октомври’’.

,,Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет”, изјави заменикот министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Тој потсети дека секоја година почетокот на месец октомври се посветува на децата  во рамките на кој се одбележува „Детската недела“, коа годинава е под мотото „Детски права за наше детство!“

Секоја година се собираат средства по разни основи и се наменуваат за најранливите групи на деца во земјава, така е и годинава каде што голем број институции одделуваат дел од средствата кои ги собираат со организирање на разни натпревари, од кино, театарски претствави и слично.

Истражување: Над 60 отсто граѓани поддржуваат пристап кон ЕУ, пад од 20 отсто на перцепцијата за влијанието на САД во споредба со лани
Свети Валентин, Свети Трифун, вечна дилема…..