ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.04.2022
Нема договор за прекин на штрајкот, важни одлуки можни за викендот
Автор: Goce Author

Дали од понеделник ќе продолжи штрајкот на СОНК, или училиштата ќе продолжат со редовна настава? Одговорот на ова прашање ќе се знае до крајот на викендот, по денешните неуспешни преговори на претставници на СОНК и Владата.

Фото: fb СОНК

Советот на СОНК не добил конкретен предлог за покачување на платите и затоа до крајот на викендот треба да одлучи за главното барање од Владата, за ставање на штрајкот во мирување, во интерес на враќањето на учениците во клупите и нормалното функционирање на градинките. Ова го изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК. На денешната средба во Владата на која присуствувале и премиерот Ковачевски и министрите за образование и за наука и за труд и социјална политика, Јетон Шаќири и Јованаа Тренчевска.

– Добивме некои информации кои повторно не се поврзани со утврдување процент. Сега Советот на СОНК ќе расправа во однос на расправите што ги имавме во Владата и ќе дадеме насоки во однос на членството за изјаснување за главното барање од Владата, во интерес на учениците и децата во градинките, штрајкот да се стави во мирување, се додека за два-три дена, конечено не се дефинира нивниот предлог, а нашето прифаќање или отфрлање, изјави Неделков по средбата.

Нема договор и на петтиот ден од штрајкот на СОНК

Ова е уште една од серијата средби на СОНК со претставници на Владата во обид да се дојде до договор и прекин на штрајкот. Инаку, штрајкот во основните и средните училишта и во градинките денеска влезе во петтиот ден.

На состанокот во Владата, како што соопшти владината прес-служба, дополнително се разговарало веднаш да започне сеопфатен дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.

МТСП: И за време на штрајк обврска е згрижувањето на децата

– Владата е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот, стои во соопштението од Владата во врска со ставовите изнесени на средбата од премиерот Димитар Ковачевски.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?