
Соединетите Американски Држави (САД) го укинуваат задолжителното тестирање за Ковид-19 за патниците кои влегуваат во земјата авионски, соопшти денеска Белата куќа.

Photo by Medakit Ltd on Unsplash
Соочени со појавата на варијантата омикрон, американските здравствени власти ги заострија процедурите за тестирање за влез во САД во декември 2021 година. Со претходната регулатива сите патници над две години мораа да приложат негативен тест за ковид направен помалку од еден ден пред полетувањето, без разлика дали се вакцинирани или не.
Наредбата за задолжително тестирање за Ковид истекува во недела во 12.01 часот по Гринич (18.01 по средноевропско време), бидејќи Центрите за контрола и превенција на болести утврдиле дека тестовите повеќе не се неопходни.
Американската агенција повторно ќе ја проценува потребата од тестови на секои 90 дена и може повторно да се воведе доколку се појави загрижувачки вид на вирусот.