ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.04.2022
Нема веќе маска на затворено?
Автор: Goce Author

Штабот на Владата ја прифаќа препораката на Комисијата за заразни болести да се укине носење маски на затворено. Исклучок од затворениот простор ќе биде јавниот и такси превоз, здравствените установи, аптеките и домовите за стари лица. Одлуката треба да биде одобрена и на седница на Влада, односно за укинување на оваа мерка за заштита од Ковид-19 ќе се расправа на следната владина седница.

Меѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до Кризниот штаб се и укинувањето на обврската за носење маски на настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.

Работниот однос на двајцата вработени на УГД ставен во мирување – што значи ова за студентските досиеја?
Еднакво образование за сите – европскиот предизвик е и македонска реалност