
Цените за сместување во Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип не се променети веќе 5 години и нема нивно зголемување ниту годинава.

Ова го потврди директорот на Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ , Јордан Насев, кој вели дека истата цена од 3800 денари е важечка веќе пет години, и дека студентите кои се сместуваат во овој студентски дом не плаќаат ниту денар повеќе од оваа сума по ниту еден основ.
Во оваа цена влегува сместувањето и исхраната, а од минатата година укинато е и плаќањето на одредена сума за надомест на штета и амортизација, која студентите ја плаќале на почеток на годината. Што се однесува до реакциите во јавноста, кои с епојавија како поради информациите за зголемени цени на сместувањето во Студентските домови во Скопје, така и поради наводното укинување на доручекот во домовите, Насев вели дека и овде има манипулирање со информациите. Во студентските домови во Македонија, доручек никогаш и немало, освен во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Поради тоа, не може да стане збор за укинување на нешто што и го немало досега.
Државниот студентски дом „Скопје“ ги „поништи“ зголемените цени
Во Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип има околу 230 места за сместување, од кои половината се за студенти, а половината за средношколци. Годинава веќе се пополнети 40-тина места за студенти, околу 40 се во фаза на приговори, а останатите 40 се наменети за бруцошите, кои допрва се запишуваат на факултет.