ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.05.2023
Непочитувањето на работничките права е причина за немањето доволно работници?

Сопствениците во текстилната индустрија почнаа да алармираат дека имаат недостаток на работници за одредени позиции, а невладините организации тврдат дека овој проблем е поради непочитувањето на работничките права.

Со кризата во Украина се отворија нови можности (поради приближување на производството во земјите на ЕУ кои се нарачатели), сепак се појави оној проблем на кои укажувавме пред 5 години дека ќе ни се случи – немање на доволно работна сила. За жал, иако тоа го предвидовме, иако алармиравме, сепак не бевме сериозно сфатени дека со кршење на работничките права, не исплаќање на плати, мобинг, незаконски отпуштања, лоши услови за работа, ќе останеме земја на јавна администрација и пензионери. Има сериозно голем одлив на работна сила последниве години кој можеше да се спречи. Но не е само виновна за тоа платата во државата, туку руинираното образование, здравство, корупција на секој чекор, партиски вработувања а со тоа и партизирана нефункционална администрација која треба да е сервис на граѓаните, вели Кристина Ампева од невладината организација „Гласен Текстилец“.

Кристина Ампева, претседател на „Гласен текстилец“

Оваа организација неодамна има направено и истражување кое се однесува на почитувањето на работничките права, плаќањето на прекувремената работа и работа за празници и дошле до заклучок дека се уште почитувањето на овие работнички права не е на задоволително ниво.

Дел од сопствениците на текстилните фабрики во Штип посочуваат дека имаат проблем со тоа да најдат работници и дека токму поради тоа денес е тешко да не се почитуваат сите работнички права.

Времињата се променети. Ако пред 10 или 15 години имавме работници кои чекаа пред нашите фабрики да бидат вработени денес таа слика е изменета. Денес ние одиме кај нив да ги вработиме. Затоа сметам дека денес е навистина тешко да не се почитуваат работничките права, вели сопственик на текстилна фабрика во Источна Македонија.

Со овој став до некаде се согласуваат и невладините активисти кои се борат за поголеми работнички права.

Сега веќе приватниот сектор е свесен дека мора да го смени пристапот кој си го “негуваа” 3 декади со ниски плати и кршења на права, но се плашам дека е предоцна. Затоа и во 2022 година бележиме помалку пријави и стабилизирање на состојбата за разлика од 2020 и 2021, исплата на поголема и полна сума на К15 (која сума во претходните години  се движеше од 100 до 3000 денари најчесто), помалку случаи на исплата под минимална плата или неисплаќањето на придонеси и плати, вели Ампева.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?