ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.01.2022
Невакцинираниот Ноле Ѓоковиќ останува во карантин во Австралија
Автор: Goce Author

Според последните информации, после  барањето на адвокатот на Ѓоковиќ, судот во Австралија ја одложува одлуката за понеделник. Светскиот рекет поднесе жалба поради тоа што му ја укинаа визата за влез во Австралија.

Образложението од австралиските власти е дека тој не приложил доволно докази кои ќе потврдат дека има некаква здравствена состојба поради која не може да прима вакцина против Ковид 19.


„Новак сака да игра, ама нема да барам да го објави својот статус“ вели првиот човек на Австралија Опен


Британската агенција „Ројтерс“, пак, објави дека на тројца тенисери кои исто така имале медицински исклучок за вакцинација како Ѓоковиќ, им бил дозволен влез во Австралија, со истата виза која ја имал Ѓоковиќ.

Фото: Tennis World USA

Тенисерот моментално е во карантин во Мелбурн и ја чека одлуката на судот. Српските медиуми пренесуваат дека судот во Австралија ќе донесе одлука во недела или понеделник, тогаш ќе се знае дали Новак ќе настапува на „Австралија Опен“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека разговарал со Ѓоковиќ уверувајќи го дека „цела Србија е со него и оти српските власти прават сè што е во нивна моќ за веднаш да престане малтретирањето на најдобриот тенисер во светот“.

Австралискиот премиер, пак, Скот Морисон рече дека е запознаен со тоа дека српската амбасада во Канбера поднела забелешки и го демантираше тврдењето дека Ѓоковиќ е малтретиран.

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски