ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.01.2022
Невидливи, опасни и многубројни – вирусите се околу нас

Климатските промени, глобалното затоплување и топењето на мразот влијаат на појавата на вируси кои се невидливи, некои опасни и многубројни. Овие фактори предизвикале и појава на заборавените, таканаречени палеовируси и бактерии од кои можат да се предизвикаат болести опасни по човекот.

Photo by CDC on Unsplash

Палеовирусите не се закана за луѓето

Во јули на Тибет, во стопен мраз, научниците изолирале околу триесет вируси стари и до 15 000 години. Истите не се закана за луѓето, но не треба да се исклучи и таа можност. Замрзнатите предели  се огромна ризница на различен биолошки материјал, но условите засега не даваат страшни прогнози за понатамошен развој на бактерии и вируси.

Загадувањето предизвикано од човекот е поголема закана

Во само една лажица вода од океанот, се наоѓаат околу милион вируси, но не се голема опасност за сите организми, па поголем дел од нив не се инфективни за човекот. Проблем се отпадните води кои се влеваат и вирусите и бактериите кои се наоѓаат во нив се реална закана за здравите луѓе. Зголемената температура на земјата значи и зголемена влажност на воздухот што предизвикува побрзо размножување на одредени организми.

Колкава е опасноста од вселената?

Според мислењето на одредени научници, честото заминување во вселената може да претставува опасност од донесување непознати микроорганизми на Земјата. Сепак, озонот е оној што нѐ чува од негативното зрачење, па мали се и веројатностите каков било материјал да се транспортира до Земјата. Пред неколку години, во Меѓународните вселенски станици се детектирани одредени бактерии кои можат да ги издржат тие екстремни услови како интензивното зрачење, малата количина хранливи материи и др. Некои од тие бактериии се сродни со оние во морето или почвата.

Појавата на корона вирусот ни покажа дека неминовност ќе стане пренесувањето на вирусите од животни на луѓе. Средбата со новите вируси ни е во сценаријата за блиската иднина. Наше е да знаеме да ја препознаеме вирусната инфекција на време, да воспоставиме систем за алармирање, рана дијагностика, а пред сѐ да не заборавиме на превенцијата која е клучна и најважна и во оваа пандемија.

(Видео) Д-р. Марија Димитровска – Колку студентите се вклучени во научни истражувања?
Жените во науката сѐ уште се соочуваат со предизвици и дискриминација