ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.12.2021
Никола Смилков – скулпторот чии дела можат да се видат од Египет, Индија, и Австрија до Бугарија, Србија и Македонија

Проф. Никола Смилков е еден меѓу попознатите вајари во Македонија. За љубовта кон вајарството тој вели дека е наследна и ја добил од својот татко, а потоа ја развил вештината во средното училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ во Скопје и на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Трите скулптури во дрво во Малниц, Австрија

“Имам престојувано и изложувано во многу места во светот: сите балкански држави, Турција, Австрија, Германија, Франција, Индија, Египет, Кина. За мене е успех секое дело, најнапред личен успех, да ја формирам мојата идеја и таа да биде материјализирана, опиплива и видлива. Би ги издвоил, тематските скулптури, како „Хумано срце“, како (македонски) дел од Споменикот на оживувањето на хуманоста во Шарм Ел Шеик, Египет. Потоа, тука се монументалните скулптури „Занес“ и „Девојка со лаванда“ во природната околина на полињата лаванда и смиљ во Тамњаница, Србија, но и скулптурата „Човечка фигура“ која не е монументална, а неодамна беше наградена во Будва, Црна Гора. Меѓународен дух и призвук на мојата биографија како уметник секако даваат и скулптурите изработени и поставени во Џајпур, Индија, трите скулптури во дрво во  Малниц, Австрија, скулптурата во Пловдив, Бугарија. Всушност секаде каде имам поставено скулптура имам оставено дел од себе. Така можам да кажам дека сите овие делови го прават мозаикот на мојот досегашен успех.”, вели Проф. Смилков.


Ѓоргиева: “Денес сме многу поблиску од било кога до филмската индустрија на Запад”


ХУМАНО СРЦЕ Споменикот на оживувањето на хуманоста во Шарм Ел Шеик, Египет

Голем број на групни и самостојни изложби се бележат и низ Балканот. Како најсвежа, Професорот ја истакнува својата самостојна изложба „Емоционални движења“ во Сплит, Хрватска, каде се претставил со 17 скулптури во мермер и бронза во галериски формат. Тој вели дека изложбата наиде на голем интерес на сплитската и хрватската јавност, па за неа известуваа неколку дневни печати,  а поради големиот интерес побараа и продолжување на изложбата за неколку дена. Наредната година се очекува и учество на деветтото Меѓународното уметничко биенале во Пекинг, Кина.

ДЕВОЈКА СО ЛАВАНДА Тамњаница Србија


Графити од твојот град: Романтики по скопските сокачиња


“Меѓународното уметничко биенале во Пекинг е настан кој традиционално се одржува, а оваа година сегмент од уметничкиот дел на одбележувањето на Зимските олимписки игри. Моето дело „Копнеж“ беше избрано во строгиот селекциски процес од неколку селекциони нивоа. За мене претставува посебно задоволство и чест да бидам дел од ваква значајна манифестација. Делото ми беше понудено да го оставам во  трајната колекција на биеналето, што ќе остави траен белег на ова остварување и уметничко претставување, мое и на мојата земја.”, вели Проф. Смилков.

Проф. Никола Смилков

Во поглед на професорската дејност, тој вели дека пренесување на знаењето и запознавањето на студентите со ликовниот јазик за него претставува морална обврска и задоволство. Според Професорот, интерес кај идните генерации може да се поттикне само со добра едукација, квалитетни и добри медиумски кампањи и презентирање на ликовното творештво, како домашно, така и странско. На факултетите потребно е континуирано промовирање на студиските програми/факултети во текот на целата година. Важен чинител во оваа мисија е секако и акцентирањето на значењето и важноста на ликовните дела како еден од основите белези на културата на една нација.


Фотографии од Тоши Трајчев што ќе ве освојат и ќе ве натераат да го посетите Штип во најбрзо време!


ЗАНЕС Тамњаница Србија

“Процесот на создавање на едно уметничко дело почнува од самата мотивација/ инспирација, која некогаш и случајно се појавува, а некогаш е резултат на студиозни анализи кои траат денови и месеци. Понатаму, започнува реализацијата, која во мојот случај е во глина, која овозможува дополнителни анализи, истражувања и промени на започнатата идеја. Потоа следи реализација во гипс, а потоа во бронза или мермер, материјали кои се трајни и кои овозможуваат скулптурата да го добие финалниот изглед и естетскиот сјај.“

ОЧЕКУВАЊЕ

 

„Следната година веќе имам неколку покани за самостојни изложби, па работам на нови дела за новите изложби. Важно претставување ќе ми биде наградната самостојна изложба која едел од Гран При наградата која ја добив оваа година на меѓународното биенале во Будва, Црна Гора. Имам покани следната година да се претставам со самостојни изложби во рамки на Сплитско културно лето и во Корчула, Хрватска. Имам покана и за изложба на отворено во Тамњаница, Србија во полињата со лаванда, заедно со моите две монументални скулптури кои се веќе поставени таму.”

КОПНЕЖ

Смилков е роден штипјанец и моментално предава ликовна уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

 

Наградена скулптура ЧОВЕЧКА ФИГУРА Будва Црна Гора

 

ХУМАНО СРЦЕ

Претставата „Се случи еднаш во Женева“ со премиера во Народниот Театар Штип
Макфест 2024 – се е подготвено за старт