ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.07.2024
НМСМ очекува новото министерство да креира и спроведува квалитетни младински политики
Автор: Goce Author

Мрежите на младински организации – Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Коалиција на младински организации СЕГА и Сојузот за младинска работа, преку допис го искажаа својот став кон Владата, со кој го поздравуваат чекорот за унапредување на положбата на младите во рамки на организацијата на државниот апарат.

„Веруваме дека новоформираното Министерство за социјална политика, демографија и млади ќе биде водечката институција која ќе креира и спроведува квалитетни младински политики базирани на потребите и интересите на младите во Република Северна Македонија”, пишуваат од НМСМ.

Од Агенцијата за млади и спорт очекуваат дека позитивните практики на институцијата ќе се задржат и продолжат во рамки на новото минстерство, кое што ќе даде голем фокус за унапредување на работата и следење на актуелните младински трендови. Ова, според НМСМ, би придонело при креирањето на соодветни политики.

„Укажуваме на фактот дека Агенцијата, односно, секторот за млади, досега се бореше за своја егзистенција со буџет кој едвај ги задоволуваше организациските трошоци на истата (околу 5% од вкупниот буџет на Агенцијата беа насочени кон секторот за млади). Се надеваме дека оваа состојба ќе се промени кон подобро со новата реорганизација и дека младите за кратко време ќе ја почувствуваат користа од новото министерство”, изјавија од НМСМ.

Посочено беше дека трите мрежи имаат богато искуство во полето на младинското работење, и се апелира носителите на одлуки да направат суштинска реформа во институционалната рамка за млади.

Извор: МЕТА.МК

10 општини подготвени за оптимизација на училиштата
Конференција за социјално претприемништво на Младински сојуз