ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.10.2021
Ноќниот живот во Битола објаснат со Битолски дијалект

Ова лето не можеше да се љуфни забавата. Од ко се воведоја мерките многу Битолски чупиња и момчиња почнаја да излегват во Битолскио парк.

За вакцинираните немаше некој проблем да ги посетват ноќните клубови како шо се: Hush, Raschekor, Davidoff. Шуќур исто така и кафичите си продолжија со праење на забави. Имаше разни забави во Portal, Sun Love Happiness, Камарите и други.

Ноќнот живот во Битола, мораше да биде на отворено.
Photo: Beer Bar

Ама и невакцинираните немаја многу форес за кафе оти преку ден се уживаше во Битолскио парк со кафе од Трицикло. Навечер исто така беше забавно. Имаше многу забави на отворено од B6 Beer Bar, шо многу ги бендиса младите Битолчани.

“Ова лето е прво работно за нас и нашио B6 Beer Bar. Сакаме да презентираме  едноставен и опуштен начин на живот, забава и дружба. Поточно музика и забава за сите. Организираме улични забави во парко или на авиони. Ова лето најмногу организиравме техно/хаус забави. За забавите соработвавме со поќето локални dj”

Иако беше малце терсене Битолчани многу се забавуваја. Некогаш и без никаква организација се береја во парко и пуштаја музика, се дружеа. Забавите на отворено напраја многу нови пријателства и искуства. А после долгото шетање се одмараја на ВПШ со разни муабети.

Фестивалот “Браќа Манаки” исто така се надмина оваја година.

Можи да се кажи дека ова лето се издвои од другите лета. Беше необично, ново, со нови ангажмани. Идните лета ќе бидат уште позабавни  и појаки.

(Аудио) Силата на еден став
Какви ќе бидат политиките на Трамп кон Балканот?