

Насмеани лица, спортски дух и неуморност го карактеризираше овој 7 Ноември во Гевгелија благодарение на Атлетскиот Клуб „7 Ноември“ кои го формираа настанот November run. November run е трка на која учествуваа над 650 учесници од целата наша држава кои трчаа на 5 или 10километри, сами и со своите миленици. Настанот беше поддржан од многу спонзори, а амбиентот беше музички придружуван што им даваше дополнителна мотивација на сите оние кои трчаа. Секој кој што успеа да ја истрча патеката доби медал, а првите тројца победници добија вредни награди и пехари. Трката на 10 километри беше и Државно првенство на Македонија.
Победник на 10 километри во машка конкуренција беше Дарио Ивановски, со време од 29.58, втор Димитар Петровски со 33.03, трет Мамуша Тирон, 33.11. Кај Дамите, најдобра беше Адријана Поп Ацеска, која патеката ја истрча за 35 минути и 59 секунди, втора беше Билјана Кираџиева, 37.29, а трета Милјана Ристиќ со 40.49.
На пет километарската трка, кај мажите најбрз беше Стојче Петровски со 17 минути и 13 секунди, втор Атанас Епов со само 3 секунди заостанување – 17.16, а сосема мало заостанување кое потврдува за фото финиш на оваа трка имаше и третопласираниот Мики Поповски, кој постигна време од 17.22. Во женска конкуренција, најдобра беше Весна Кираџиева со 21 минута и 18 секунди, втора Анастасија Ристова со 22.02, а трета Тамара Попов со 22.10.

Гевгелија доби нов спортски дух, па празникот беше прославен во вистинска смисла на зборот. Најмладиот натпреварувач беше мало девојче кое успешно успеа да истрча 5 километри и им даде до знаење на сите учесници дека не треба никогаш да се откажуваат.
Атракција на денот беше и трката со кучиња, каде сопствениците трчаа заедно со своите миленици, па сево ова даде дополнителен шмек на прекрасниот гевгелиски ден
Организаторите се надеваат дека оваа трка ќе стане традиционална и ќе се одржува секоја година.