Нов Зеланд ја забранува продажбата на тутун и производи од тутутн на своите помлади генерации во обид на крајот целосно да се откаже од пушењето, пишува Би-Би-Си.
Никој кој што е роден по 2008 година нема да може да купува цигари или тутунски производи во текот на својот живот, според предлог-законот што треба да се донесе следната година.
Прочитајте и: Пушачите имаат поголеми шанси да се разболат од Ковид
„Сакаме да се погрижиме младите никогаш да не почнат да пушат“, рече министерот за здравство Др. Ајша Верал.
Овој потег е дел од сеопфатната борба против пушењето презентирана од Министерството за здравство на Нов Зеланд. Лекарите и другите здравствени работници во земјата ја поздравија оваа „водечка во светот“ реформа која ќе го намали пристапот до тутун и ќе го ограничи нивото на никотин во цигарите.
Интересно за оваа држава е што 13% во моментот се корисници на тутун и цигари, а исто толкав е и процентот на луѓе кои пушеле канабис. Иронично, во 2020 година државата одржала референдум со кој требало да се легализира употребата на марихуана, но граѓаните не го одобриле овој предлог, 50,7% се изјасниле против легализацијата на рекреативна употреба на марихуана.
Со овие мерки Нов Зеланд ќе биде единствената држава во која ќе биде нелегално да се купи тутун, а купувањето и поседувањето на канабис во било кои количини и сега е строго забрането во оваа земја.