ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.12.2022
Нов Зеланд усвои закон кој го забранува пушењето за следните генерации
Автор: Goce Author

Нов Зеланд воведе закон за возраст за пушење за да ги спречи оние на возраст од 14 години и помлади да можат легално да купуваат цигари. Ова стои во во првата светска легислатива за забрана на пушењето за следната генерација.

Законот предвидува забрана за купување на цигари од страна на лица родени на или по 1 јануари 2009 година. Отсега па натаму минималната возраст за купување цигари ќе продолжи да се зголемува.

Теоретски, некој што ќе се обиде да купи цигари за 50 години од сега ќе треба да покаже лична карта за потврда дека има барем 63 години.

Помошник министерката за здравство, Ајша Верал, на усвојувањето на законот рече: „Илјадници луѓе ќе живеат подолго, поздрав живот и здравствениот систем ќе биде подобар за 5 милијарди долари од тоа што нема потреба да ги лекува болестите предизвикани од пушењето, како што се бројни видови на рак, срцеви удари, мозочни удари, ампутации“.

Нов Зеланд напредува со првите закони за тутун во светот во обид да создаде генерација без чад

Овој закон ќе биде придружен со низа други мерки за да се направи пушењето помалку достапно или воопшто достапно. Ова вклучува и драматично намалување на законската количина на никотин во тутунските производи. Тие ќе се продаваат само преку специјализирани продавници за тутун, наместо преку аголни продавници и супермаркети.

Извештај на СЗО – тутунот и нездравата храна убиствени

Бројот на продавници легално дозволени да продаваат цигари ќе се намали на една десетина од постојните нивоа. Тоа значи од 6.000 на само 600 на национално ниво. Законите го поминаа своето последно читање, а ќе стапат на сила во 2023 година, бидејќи Нов Зеланд се обидува да ја постигне својата цел да ја направи земјата „без чад“ до 2025 година.

При воведувањето на законот за неговото прво читање во јули, Верал рече: „Со децении им дозволувавме на тутунските компании да го задржат својот удел на пазарот со тоа што го прават нивниот смртоносен производ се повеќе зависен. Одвратно е и бизарно. Имаме повеќе регулативи во оваа земја за безбедноста на продажбата на сендвич отколку на цигара. Сакаме да се погрижиме младите никогаш да не почнат да пушат. Затоа правиме закон за прекршок за продавањето или снабдувањето на производи од тутун на нови групи млади. Луѓето на возраст од 14 години кога законот ќе стапи на сила никогаш нема да можат легално да купуваат тутун“.

Новите закони, сепак, нема да ја ограничат продажбата на вап. Податоците покажуваат дека барем некои Новозеланѓани ја замениле својата никотинска навика од цигари на вапци.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?