
Студентите од Србија кои се уште се во блокада на факултетите денес поднесоа нова кривична пријава против претседателот Александар Вучиќ. Пријавата се однсува за пречекорување на своите овластување, кога тој ги посети пациентите повредени од пожарот во Кочани. За потсетување, претседателот Вучич, ги посети повредените од дискотеката „Пулс“ заедно со уште двасетина новинари и пред повредените даваше изјави и се снимаше за јавноста. Голем дел од студентите тоа го протолкуваа како загрозување на здравјето на пациентите на сметка на политичкиот рејтинг на политичарот.
Студенти од Ниш минатиот месец веќе поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради ова.
„Ова е отворено понижување на здравствениот систем, повреда на телата на пациентите, на Законот за заштита на личните податоци и, најважно, на човечкото достоинство“, рекоа студентите на блокадата пред Првото основно обвинителство во Белград.
По пожарот во дискотека во Кочани, во кој загинаа повеќе од 60 лица, некои од тешко повредените пациенти беа префрлени во Клиничкиот центар на Србија, на одделот за интензивна нега. Вучиќ, во придружба на некои медиуми, ги посети таму на 17 март.
Студентите на блокадата рекоа дека бараат од обвинителството да „постапи според законот“. Отстранувањето на оние што ги сметаат за одговорни за посетата на Вучиќ на пациентите од Кочани е едно од барањата на студентите кои со месеци блокираат десетици факултети во градовите низ Србија.
Клучното барање, кое предизвика бран масовни протести и блокади на факултетите, е да се утврди одговорност за смртта на 16 лица при уривањето на крошната на реконструираната Железничка станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.
За време на седуммесечните блокади и протести, во кои учествуваа стотици илјади граѓани, студентите побараа и предвремени парламентарни избори.