
Ѓоковиќ во неделата вчера по седми пат го крена шампионскиот пехар на завршниот АТП Мастерс турнир кој се играше во Торино откако славеше над предводниците на новата генерација, над Карлос Алкарас во полуфиналето и над Јаник Синер во финалето. Откако го победи Јаник Синер Италија со 6-3, 6-3 во Торино, Ѓоковиќ ја освои рекордната седма титула на финалните турнири на Асоцијацијата на тениските професионалци АТП, надминувајќи го Роже Федерер Швајцарија кој има шест титули.

Со тоа Ѓоковиќ ја освои 71-та т.н. „голема титула“, која е комбинација од освоени трофеи на гранслем-турнирите, АТП-финалињата, мастерс-турнирите од серијата 1.000 и златни медали на летни олимписки игри во поединечна конкуренција. Моментално е самостоен рекордер за бројот на гранслем-титули кој има 24, АТП-финалиња кој има 7 и мастерс-турнири од серијата 1.000 кој ги има 40.
Јаник Синер еднаш на завршниот турнир го изненади Ѓоковиќ, во групната фаза, но по поразот во финалето Синер беше разочаран, па реши да се обрати на навивачите преку социјалните мрежи и напиша:
Шест од седумте водечки трофеи на АТП-турнејата што ги освои Ѓоковиќ годинава беа „големи титули“, најмногу во една сезона од 2016 година. Од сите титули што ги освои Ѓоковиќ во кариерата, повеќе од 72 отсто од нив се „големи титули“. Тој досега освојуваше една таква титула на секои 3,1 одиграни турнири. Најблиску до него во победничкиот процент на вакви турнири е Рафаел Надал, кој освои еден трофеј на секои 3,5 одиграни турнири.
Светскиот тенисер број 1 сега е 98-кратен освојувач на титули и ќе го насочи своето внимание кон тоа да стане третиот играч што ја поминал границата од 100 титули, придружувајќи им се на Американецот Џими Конорс кој има 109 трофеи и Федерер кој има 103 трофеи.
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта
Автор: Климент Трајков