ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.01.2022
Новак Ѓоковиќ имал позитивен ПЦР тест на 16-ти декември, а на 17-ти постирал на Инстаграм промоција на поштенска марка
Автор: Goce Author

Адвокатите на светската тенисерска ѕвезда Ѓоковиќ изјавиле дека прележал ковид во декември и дека датата на првиот позитивен тест била на 16 – ти декември, па може да добие дозвола за влез во Австралија.

Меѓутоа на неговиот Инстаграм профил може да се види како тој утредента после наводниот позитивен ПЦР тест има активности за промоција на поштенска марка.

На неговиот профил има поставено фотографија каде тој ја промовира поштенската марка и се заблагодарува за тоа.


Во овој кафез сум девет години, вие се јавувате и ме прашувате за Ѓоковиќ


Заради валидните документи дека прележал ковид, тој добил медицинското изземање од две независни медицински комисии од страна на Тенис Австрија.

На оваа тема не остана рамнодушен ни познатиот тенисер Џими Конорс кој напиша статус на социјалните мрежи каде што го поддржа тенисерот и упати апел до  организаторите на АО да му дозволат да игра доколку нема ковид.

Во понеделник судот во Австралија ќе ја донесе одлуката дали Ѓоковиќ ќе игра на АО или ќе биде вратен дома.

Дали теретаните се добри за младите?
Драган Дончески од случаен пикник до Извидник на годината за 2024